По два случаи на корона вирус во Кавадарци и Неготино

by fokus

Денес во Тиквешијата се регистрирани четири нови случаи на Ковид-19, и тоа по два во Кавадарци и Неготино.

Новите пациенти се на возраст од 36 до 47 години, и станува збор за една жена и маж од Кавадарци и двајца мажи од Неготино, кои биле вработени во поголема приватна компанија во Кавадарци.

Ниту еден од нив не знае од каде се инфицирал, а засега сите остануваат на домашно лекување. Од Центар за јавно здравје Кавадарци информираат дека се работи на утврдување на нивните контакти.

Вики Клинчарова

Поврзани новости