По два месеци татко си ја пријавил ќерката за исчезната

by fokus

По два месеци откако 15-годишното девојче излегло од дома и не се вратило, татко од Карбинци решил да го пријави случајот во полиција и да ја пријави ќерката за исчезната.

„На 31.07.2018 година во 10.05 часот во Полициската станица Штип, Т.Б. (39) од с.Кучица-Општина Карбинци, пријавил дека на 08.06.2018 година околу 10.00 часот неговата 15-годишна ќерка излегла од дома и до моментот на пријавување не се вратила. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости