По долги години, Менче Точи го напушта новинарството

by Fokus 20:48
20:48

Долгогодишната новинарка Менче Точи го напушта новинарството и во иднина ќе биде раководител на секторот за односи со јавност при Фондот за здравствено осигурување.

„По многу години поминати во новинарството, по многу труд, непроспиени ноќи, работење и за празник и делник, безброј истражувања, добиени највисоки награди, вклучувајќи ја и таа за Животно дело, можеби е време моето знаење и искуство да го насочам на друго место каде ќе бидам од помош, кон институција која е клучна за осигурениците и лекарите – Фонд за здравствено осигурување“, напиша Точи на Фејсбук.

Поврзани новости