По четири дена, мајка и ќерка пронајдени живи во кал во Сингелиќ

by fokus

 По четири дена од катастрофалното невреме, мајка и ќерка денеска беа пронајдени живи во кал во населбата Сингелиќ, објави Алсат-М.

Нив ги пронашол Бесим Весили, кој успеал од калта да ги извади мајката и нејзината четиригодишна ќерка, кои останале заробени уште од саботата.

Од голем шок и стрес тие не биле во состојба да зборуваат, но се претпоставува дека се од Албанија.

Девојчето се вика Венера, а името на мајката сè уште е непознато.

Поврзани новости