По барање на Силјановска дуелот со Пендаровски на Телма одложен за во четврток

by fokus

Одложено е првото тв соочување од изборната кампања помеѓу претседателските кандидати Гордана Силјановска, Стево Пендаровски и Блерим Река, кое требаше да се случи утре на телевизија Телма. Како што дознава „Фокус“ соочувањето било одложено по барање на Силјановска и наместо утре ќе се одржи во четврток.

Кандидатката за претседател, инаку, изминатиов период постојано го повикуваше Пендаровски на тв дуел. Од ВМРО-ДПМНЕ неколку пати му порачаа на Пендаровски да не бега од телевизиско соочување.

Остануваат до сега договорените дуели меѓу Силјановска и Пендаровски на 12 април на МРТ, на 14 април на Сител и на 17 април на ТВ Алсат.

Поврзани новости