По 3.000 евра отштета за секоја жртва од невремето

by Fokus

По 3.000 евра ќе им биде исплатена отштета на семејствата за секоја жртва, беше решено на денешната вонредна седница на Град Скопје, која почна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите.

На седница која ќе почне во 16 часот се очекува Владата да прогласи ден на жалост, додека пак Скопје и Тетово ќе се прогласат за кризни подрачја.

– Паднаа 93 литри на метар квадратен за 20-тина минути, тоа беше практично водена бомба која падна врз градот Скопје. Најпогодени општини беа Гази Баба, Кисела Вода и Аеродром, а во другите општини немаше поголеми материјални штети. Дождот дојде од Скопска Црна Гора и најмногу ги погоди Сингелиќ, Стајковци и Смилковци. Има дваесетина човечки жртви – рече градоначаланикот на Скопје, Коце Трајановски на денешната седница.

 

Поврзани новости