По 13 месеци исчезнатиот скопјанец Абдул Албиен пронајден мртов

by fokus

Семејството на скопјанецот Абдул Албиен кој исчезна пред 13 месеци, денеска информираше дека тој е пронајден мртов.

-Со огромна болка и тага сакаме да споделиме со Вас дека моштите на нашиот татко Алибен Абдул беа пронајдени. Денес нашето семејство ја доби оваа вест која ја споделуваме со цел да се заблагодариме на сите кои безрезервно ни беа поддршка и сила во изминативе 13 месеци. За сите кои помогнаа во потрагата, Ви благодараме, објави неговата ќерка Мелиса.

Поврзани новости