По 10 месеци, нема починат од ковид за 24 часа

by Фокус

Првпат по 10 месеци, во изминатото деноноќие нема ниту еден починат ковид-пациент, велат од Министерството за здравсво, информирајќи дека во последните 24 часа регистрирани се и осум новозаразени од 3.068 тестирања.

„Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а единствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме“, велат од МЗ.

Од новозаразените, тројца се од Скопје, двајца од Тетово и по еден од Велес, Кичево и Охрид. Истовремено, регистрирани се девет оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен – по 1.

Поврзани новости