По 10 години бегство, Богољуб Кариќ се врати во Србија

by fokus

Откако беше прекината истрагата против него поради застареност и недостиг на докази, српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ по десет години се врати во Србија.

Кариќ, кој беше лидер на движењето Снага на Србија и сопственик на „БК-групација“, попладнево допатувал во Белград со приватен авион од Москва.

На аеродромот го пречекале членови на неговото семејство, пријатели, граѓани и претставници на медиумите, а дочекот бил проследен со аплауз и песни.

Истрагата против Кариќ беше прекината поради застареност на кривичното гонење за злоупотреба на службената должност, односно за повлекување пари од компанијата „Мобтел”.

Поврзани новости