Плоштадот „Македонија“ нема да се преименува

by fokus

Централниот плоштад во Скопје и понатаму ќе го носи името „Македонија“ и нема да биде опфатен во преименувањето на институциите согласно уставните измени. Од Владата за „Фокус“ потврдуваат дека името на плоштадот останува.

„Во согласност со Договорот од Преспа плоштадот си го задржува името“, велат од таму.

Ова се објаснува со аргументот дека Грција нема ексклузивно право на овој термин.

Во меѓувреме привршува постапката за преименување на институциите. Согласно Договорот сите институции кои се финансираат од државата, мора да се прилагодат и да го следат духот на договорот со Грција. Од друга страна пак останува уште на дел од спомениците да се стават натписи со појаснување дека се симбол на хеленскиот антички период.

Поврзани новости