Пливачот Поп Ацев: Пливачката федерација не ме ни пријавила за настап во Глазгов, а исполнив норма во февруари

by fokus

Македонскиот пливач, Евгениј Поп Ацев, кој требаше да настапи на Европското првенство во пливање во Глазгов, Шкотска, нема да земе учество на ваквиот настан.

Имено, според Поп Ацев, федерацијата долго време му давала лажни информации дека се е во ред со неговиот настап, а после тоа се испоставило дека тој воопшто не бил ни пријавен за Европското првенство.

Преку својот Фејсбук профил, Поп Ацев ја информираше јавноста за целокупната ситуација во која се најде тој.

„Чуствувам обврска да ја објаснам сегашната ситуација околу Европското Првенство во Глазгов. Во Февруари ја исполнив нормата дадена ПФМ за настап на Европското Првенство и во изминатата година цела моја енергија фокус тренинг и мотивација беше за ова Првенство. До последен ден добивав лажни информации од ПФМ и верував дека се е во ред со мојот настап. Може да замислите колку беше разочарувачки и тажно за мене кога со веќе пола спакувана торба видов на стартната листа (пред само два дена) дека моето име не е таму. Имам едно објаснување од ПФМ( нема ни да се осмелам да го објаснувам зашто е патетично и понижувачко ) и сосема спротивно од ЛЕН која вели дека мојата Федерација не пратила пријава воопшто. За тие кои ме познаваат или кои се натпреварувале на интернационално ниво ќе разберат дека за моите разочараност огорченост и болка нема зборови да се опишат. Уште поболно е дека луѓето одговорни за оваа ситуација се натреварувале на исто ниво и се свесни колку ми значеше настапот на ова Првенство и колку можев да постигнам. Мислам дека тешко ќе му биде на секој нормален човек да си објасни зашто ова ми го направија и до последен момент ме лажеа, но ако некој знае слободно нека пише во коментар или нека ми се јави
Сметам дека ниеден спортист не заслужува и не треба да го доживее ова и затоа решив јавно да го споделам“, порача Поп Ацев.

Поврзани новости