Пленумот побара УКИМ да не ги признае изборите и да ги санкционира насилниците

by fokus

По скандалозниот изборен ден за нов претседател на СПУКМ и откако гласачките кутии насилно беа однесени во канцелариите на СПУКМ, од Студентскиот пленум вечерва побараа УКИМ да не ги признае резултатите од денешните избори.

-СПУКМ доживеа фијаско со излезноста, а оттука и се јави нивната потреба насилно да ги одземат изборните кутии, кои се во сопственост на Државната изборна комисија, со цел да ги лажира изборните резултати. Со ова, изборите спроведени денес се ништовни. Затоа, од СПУКМ бараме веднаш да ги поништи изборите. Бидејќи се сомневаме во тоа дека Кирил Спировски и неговата изборна комисија ќе ги поништат изборите, го повикуваме Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ да не ги признае резултатите од денешните избори. Воедно, бараме од УКИМ да покрене постапка за одговорност за насилството на кое беа изложени своите студенти од страна на лица кои не се студенти на УКИМ. За ова, известуваме дека обезбедувањето на Правниот факултет, но и полицијата сведочеа на насилството и не преземаа никакви мерки, се вели во соопштението на Студентски пленум.

Од Пленумот додаваат дека студентите со нивното неизлегување на избори јасно кажаа дека се спротиставуваат на овој начин на студентско организирање и токму затоа, одговорно тврдат дека доколку овие барања не бидат исполнети, студентите ќе ја опструираат работата на СПУКМ и нема да ги признаваат одлуките на органите и телата на Универзитетот во кои учествуваат како нелегитимни претставници, но и порадикални чекори.

Поврзани новости