Платежна картичка од 6.000 денари за самохрани мајки, пензионери, самостојни уметници

by Fokus 14:57
14:57

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев анализирајќи за сетот економски мерки, информираше дека втората мерка е платежна картичка за поголема потрошувачка во износ од 6.000 денари, а ќе ја добијат 5726 самохрани родители ,182271 пензионери со пензии до 15.000 денари, 85108 пасивни баратели на работа, самостојни уметници.

Тој додаде дека ќе ја добијат и оние граѓани над 64 години кои немаат пензија, а се со приходи пониски од 15.000 денари или воопшто немаат приходи.

- Advertising -

Оваа мерка е наменета за 280000 граѓани кои ќе бидат поддржани со 27,6 милиони евра.

Поврзани новости