Пит-бул усмртил куче додека го шетала малолетничка

by Фокус

Вчера вечер 52-годишен скопјанец пријавил дека истиот ден околу 16,30 часот кучето што го шетала неговата малолетна ќерка било нападнато од поголемо куче, најверојатно од расата пит бул.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, кучето умрело на лице место, а девојчето добило рани од каснување на двете раце при обидот да го спаси кучето.

Поврзани новости