Писмо на Алберт Ајнштајн продадено за 32.000 долари на аукција во Израел

by fokus 11:59
11:59

Писмо на Алберт Ајнштајн во кое тој говори за зголемувањето на антисемитизмот во Германија во 20-те години од минатиот век, беше продадено на аукција во Израел за 32.000 долари.

– Овде се подготвуваат економски и политички мрачни времиња, така што сум среќен што можам да одам далеку од сѐ ова, напишал физичарот во 1922 година во пораката до својата сестра по напуштањето на Берлин. Ajнштајн e германски физичар од еврејско потекло.

Тоа се случило повеќе од деценија пред нацистите во Германија да ја преземат власта. А три месеци претходно, пак, Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика, по што ја напуштил германската престолниина. Кусо потоа, неговиот пријател, германскиот министер за надворешни работи Валтер Ратенау, исто така, Евреин, бил убиен од екстремисти.

- Advertisements -

– Писмово е занимливо оти Ајнштајн 10 години порано навистина предвидел што ќе се случува во Германија, изјави Мерон Ерен, еден од основачите на израелската куќа Кедем, со седиште во Ерусалим.

Името на купувачот не се открива.

Поврзани новости