Пиштолџија од Тетово си ги барал назад парите кои ги платил за хоспитализација на неговата сопруга

by fokus

Жител на Тетово доби кривична пријава откако со пиштол барал назад пари кои ги платил.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(25) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница’’. На 04.02.2020, пријавениот со пиштол од вработена на Одделот на гинекологија ги побарал назад наплатените парични средства за хоспитализација за неговата сопруга, по што го напуштил местото“, велат од МВР.

Поврзани новости