Писателот Салман Ружди избоден додека држел предавање во Њујорк

by fokus 19:31
19:31

Писателот Салман Ружди нападнат е денеска во Њујорк додека држел опредавње на Институтот Шатагва. Засега непознат маж истрчал на бината и го избодел Ружди.

Присутните на настанот веднаш му притрчале на помош на писателот.

Напаѓачот е фатен, но во моментов не се знае какв е здравствена состојба на Ружди, пренесува Гардијан.

Салман Ружди е добитник на Букеровата награда, а со децении неговата глава е уценувана откако ги напиша „Сатански стихови“.

Романот на Салман Ружди „Сатански стихови“ објавен во Велика Британија во 1988 година, животот на писателот го претвори во пекол. Иранскиот верски водач ајатолахот Хомеини на британскиот писател од индиско потекло му изрече фатва- смртна пресуда со образложение дека „Сатански стихови“ го навредуваат пророкот Мухамед.

Ружди кој многумина го сметаат за најголем индиски писател после Тагоре, помина 13 години живеејќи под лано име, со постојана полициска заштита.

Писателот престана да го користи лажното име после 11 септември 2001 година,три години откако тогашниот ирански претседател Мухамед Хатами изјави дека фатвата веќе не важи.

Но наследникот на Хомеини, Али Хамнеи официјално никогаш не ја повлече смртната пресуда.

Претходно Ружди изјави дека во Њујорк каде живее во последните две децении води нормален живот.

Поврзани новости