Пике сепак, не стана македонски зет: Наместо блогерката Драгана, студентката Клара е неговата нова партнерка

by fokus

Светски познатиот фудбалер Жерар Пике сепак не станува македонски зет. Наместо со брокерката Драгана, како што се шпекулираше, тој во јавност се појави со новата девојка, студентка по име Клара Марти.

Веста која го обиколи светот, дека тој по 11 години заеднички живот се разделил со колумбиската поп ѕвезда Шакира поради таинствена девојка, со месеци беше актуелна тема.

Набргу потоа, објавите во повеќе бугарски медиуми според кои моделот и брокерка Драгана Спасовска, била причина за разделбата на популарниот пар, се проширија на глобално ниво, а поради македонско-бугарското потекло на Спасовска, родена во Скопје од татко Македонец и мајка Бугарка, се актуелизираа приказните дека Пике станува македонски зет.

Се споделуваше фотографија од него, во лежерно издание заедно со Дргана, а таа за ,,Фокус” изјави дека не смее ништо да коментира во врска со него. Потврди дека има заеднички фотографии со фудбалерот, и замоли за приватност.

Сепак, додека многумина очекуваа да ја видат Драгана во друштво на дефанзивецот на ,,Барселона”, неговите се почести појавувања со студентката Клара навестуваат дека станува збор за сериозна врска.

Како што објави Дејли меил, три месеци по прекинот со Шакира, Пике повеќе не ја крие својата избраничка и често може да се види на јавни настани со неа.

Вики Клинчарова

Поврзани новости