Пијани татко и син до смрт претепале сограѓанин во Јагодина

by Fokus

Полицијата во српскиот град Јагодина ги уапсила О.К. (50) и неговиот син В.К.(34) од тој град. Тие се сомничат за тешко убиство.

Тие се сомничат дека ноќеска по полноќ по расправија претепале 40-годишен сограѓанин, кој од здобиените повреди починал.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.

Информациите се дека повредениот Ѓ.М. (1983 година), исто така од Јагодина, со дрвен предмет неколкупати го удриле во пределот на главата, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот, од кои починал на лице место.

Поврзани новости