Пијан тетовец ја тепал сопругата, а синот го нападнал со секира

by fokus

Тетовец во текот на вчерашниот ден, пијан, физички ја нападнал сопругата, а кога синот се обидел да ја одбрани мајка си, таткото го нападнал и него со секира.

-На 01.02.2020 во 17.20 часот во СВР Тетово, неговата сопруга и нивниот син, и двајцата од Тетово, пријавиле семејно насилство од страна на Љ.Б. Според пријавеното, тој околу 15.15 часот дошол во семејниот дом во алкохолизирана состојба и физички ја нападнал сопругата, по што синот, во обид да го спречи својот татко, бил нападнат од Љ.Б. со секира. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости