Пијан се појавил со секира пред МВР и удирал по барикадите барајќи си ги децата

by fokus

Маж во алкохолизирана состојба на возраст од 52 години се појавил вчера на задната капија на Министерството за внатрешни работи од страна на улицата „Павел Шатев“, со секира во рацете. Околу 20.30 часот бил забележан од полициски службеник кој ја вршел својата редовна служба.

Според полицијата, се движел кон задната капија на министерството со секира во раката и удрил три пати во железната барикада.

„Откако полицискиот службеник побарал да се легитимира, лицето му рекло дека си ги бара децата и сакал да пријави настан по што ја фрлил секирата веднаш до оградата. Утврдено е дека се работи за А.Д. (52) со живеалиште во Скопје и тој е приведен во Полициската станица Центар. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости