Петто финале на УС опен за Рафаел Надал

by Fokus

Шпанецот Рафаел Надал по петти пат ќе игра во финалето на Грен слемот УС опен, откако ноќеска во полуфиналето го совлада италијанскиот тенисер Матео Беретини со 3:0.

Во меч кој траеше два часа и 39 минути, вториот турнирски носител првиот сет го доби на тај-брејк 7:6 (8:6), во вториот беше 6:4, а во третиот на противникот му препушти само еден гем (6:1).

Надал кој досега има три титули на Грен слемот во Њујорк, во финалето ќе се сретне со Русинот Данил Медведев кој вчеравечер го совлада Бугаринот Григор Димитров.

Вкупниот награден фонд на УС опен изнесува 57,2 милиони долари.

Поврзани новости