Пецаков за „Фокус”: Охридскиот пливачки маратон нема да згасне!

by fokus 13:47
13:47

Охридскиот пливачки маратон, кој е белег на градот оваа година ќе биде организиран од страна на Општина Охрид – за ,,Фокус” изјави градоначалникот Кирил Пецаков.

Оваа одлука доаѓа во пресрет на 60-то јубилејно издание на најголемата пливачка манифестација во земјава, откако од Националната пливачка федерација вчера соопштија дека нема да се одржи маратонот, поради блокирана сметка.

-Ќе имаме уште координативни состаноци, не сакаме да навлегуваме во проблемите со кои се соочува федерацијата, но кога станува збор за Охридскиот маратон, не само оваа година, туку и во наредните сме тука да помогнеме да се реализира настанот. Јасно ни е дека ова е привремено решение, но не смеевме да дозволиме да пропадне еден ваков значаен настан. Ќе имаме и прес на темава наскоро, ќе се прецизираат сите детали – ни изјави градоначалникот.

Претходно, во изјава за ,,Фокус” претседателот на НПФ, Горан Стојановски откри дека неговиот претходник Александар Маленко, кој бил на функцијата претседател околу четири години, им оставил низ ана неплатени фактури и долгови. Побара државата и институциите да помогнат да се надмине состојбата, бидејќи станува збор за маратон кој е познат во целиот свет и не смее да замине во историја.

Вики Клинчарова

Поврзани новости