Петровски за „Фокус“: Нема да учествувам на Конгрес наместен од Груевски

by fokus

Филип Петровски, кој имаше намера да се кандидира на лидер на ВМРО-ДПМНЕ на претстојниот Конгрес, денеска до истекот на рокот, тоа не го стори. Тој во изјава за „Фокус“, вели дека нема да учествува на Конгрес, кој е наместен од Никола Груевски.

-На терен стана јасно дека Конгресот е наместен од Груевски. Тој со византиски игри се обидува да остане на чело на партијата, а сите знаеме до каде ја донесе. Јас нема ниту да одам на Конгресот, а нема ни да го признаам за легитимен, вели Петровски.

Тој вели и дека кога ја увидел ситуацијата на терен, дека Спиро Ристовски на терен работи за Христијан Мицковски и нема фер борба, отишол и тоа му го кажал на Груевски. На ова Груевски му одговорил дека Ристовски може да лобира за кого сака.

Поврзани новости