Петровски: Јонуз не го издржа дуелот со мене, бидејќи аргументите му се плитки

by fokus

Филип Петровски во изјава за „Фокус“ вели дека Агим Јонуз вечерва го напуштил ТВ дуелот со него, бидејќи аргументите му се неиздржани.

-Господинот Јонуз повеќе пати има зборувано за мене на ТВ, ама во мое отсуство.
Се нешто има кажано. Но, кога имаше можност да разговара, да дебатира не издржа.
Едноставно неговите аргументи се плитки, се чаршиски муабети, „рекла казала“, вели Петровски.

Политичкиот аналитичар Агим Јонуз го напушти вечерашното издание на „Само вистина“ на Канал 5, каде гостуваше заедно со Петровски.

Поврзани новости