Петровска побара од советничка на ВМРО-ДПМНЕ да го врати службениот „Ајфон“

by fokus

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, на вчерашната седница на градскиот Совет, побара од советничката на ВМРО-ДПМНЕ Анита Ангелевска да го врати во Општината службениот „Ајфон“ кој го добила додека била вработена. Според Петровска, од советничката веќе седум месеци се чека да го раздолжи мобилниот телефон, иако тоа неколку пати било побарано од неа.

-Ќе ми простите г-ѓо Ангелевска што директно ќе ве прозивам, бидејќи се грижам за се што е имот во Општината. Ви имаме доставено официјално барање да го вратите телефонскиот апарат кој што го поседувате, онака како што следува, затоа што не треба да бидете воопшто привилегиран советник. И овде јавно ќе кажам дека сте биле вие привилегирана во општина Битола, со таков апарат којшто му следува само на раководителите на сектори. До вас се стасани доставници, меѓутоа до денес апаратот не сте го вратиле – рече Петровска.

Ангелевска била вработена во секторот локален економски развој, но своето работно место го стави во мирување додека трае нејзиниот советнички мандат.

 

Поврзани новости