Петровска: По четири години им гледам на битолчани во очи

by fokus 21:53
21:53

После четири години им гледам на битолчани во очи, бидејќи работевме чесно, домаќински и одговорно, и имаме со што да се пофалиме и со што да се гордееме, истакна градоначалничката на Битола Наташа Петровска на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Битола, која ќе се кандидира за втор мандат.

-Општината пред четири години ја наследив со долг од 12 милиони евра од кои, 4,3 милиони за образовните институции, но и покрај тоа од самиот почеток не само што исплаќавме, туку и градевме, рече Петровска наведувајќи ја завршената изградба и реконструкција на десетици улици во Битола, меѓу кои и обиколницата, 15 улици во Касарната и 14 улици во Долно Оризари.

- Advertisements -

Меѓу капиталните проекти, градоначалничката на Битола ја издвои реконструкцијата на Офицерскиот дом, како гордост на градот, како и киното Манаки.

-Општина Битола, како единствена општина во државата во време на пандемија издвои 100.000 евра за здравствените институции. Пари има за сите инфраструктурни проекти, бидејќи тие не завршуваат на приватни сметки, а Битола е на врвот меѓу најтранспарентните институции во државата и така ќе продолжиме, истакна Петровска.

Поврзани новости