Петровска: Докажавме дека Мицкоски блефираше за ново мнозинство

by Фокус

Со денешното гласање за доверба на Владата покажавме дека сите тврдења за некакво ново парламентарно мнозинство од страна на ВМРО-ДПМНЕ не биле ништо друго освен една голема лага, посочи пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска на Канал 5.

-Денеска покажавме дека сите тврдења кои со месеци ги слушаме дека сме немале мнозинство во Собранието, дека Владата ќе била соборена, дека ВМРО-ДПМНЕ успеало да собере 62 пратеника, дека ќе имале и 65 пратеници, се само една голема манипулација, голема лага на опозициската партија. Со денешното гласање докажавме дека парламентарното мнозинство е стабилно и сега сите треба да продолжиме да работиме за граѓните, Владата да продолжи со реализација на програмата за која впрочем и ја добивме довербата од граѓаните на изборите – истакна Петровска.

Таа додаде дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале можност во неколку месеци наназад да поднесат барање за гласање на доверба на Владата преку иницијатива од најмалку 20 пратеници за да има три дена дебата, но не го сториле тоа.

Поврзани новости