Петрески со награда на Златна бубамара: Се погладни политичари доаѓаат на власт, па немаат време за култура!

by Fokus 11:05
11:05

Популарниот фолк пејач Наум Петрески синоќа на манифестацијата ,,Златна бубамара на популарноста” доби награда за трајни музички вредности. Во публиката го придружуваа сопругата Зуица Лазова и синот Стефан, а тој се заблагодари за наградата и запеа пред присутните.

За ,,Фокус” Петрески раскажува дека е трогнат од укажаната чест, бидејќи цели 35 години од својот живот посветил на музиката, со која активно се занимава.
Додава дека се надева како еден ден можеби ќе го има и во учебниците, и се надева дека ќе дојдат подобри времиња за Македонија, кога ќе се ценат вистинските вредности.

-Секоја награда е признание дека си работел напорно цел живот. Јас во случајов, дури 35 години сум активно и професионално посветен на музиката.
Но, не е поентата само нешто да работиш, туку и да оставиш нешто зад себе, кое ќе го следат генерации кога нас ќе не нема, а пак некогаш можеби и ќе не има во учебниците!

Можеби ќе дојде ден кога и државата ќе почне да мисли на нас, исто колку што ние работиме за доброто на државата, и сме ја претставувале на сите континенти достоинствено.

Лично јас, мислам дека тоа време е далеку, бидејќи на власт доаѓаат се погладни пратеници, министри, советници, заменици министри, заменици советници…
Со еден збор, премногу клатат врати и дрпаат плати и милиони за патни трошоци, така да за културата и музиката наоѓаат време само по роднински врски. Се е испревртено наопаку, за жал за целиот наш народ – вели музичарот, кој не го крие незадоволството од системот и начинот на кој функционира државата.

Покрај него, на јубилејното 25-то издание на популарното шоу кое се одржа во А1 арена, награда за трајни музички вредности добија и Ристо Самарџиев, Васка Јанковска, Симон Трпчески, Ферус Мустафов, Жељко Бебек…

Вики Клинчарова

Поврзани новости