Петнаесетгодишно девојче почина во сообраќајка

by fokus

Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на излезот од Струмица почина 15-годишно девојче.

-Во 04,30 часот било пријавено дека на излез од Струмица кон с.Дабиле, патничко моторно возило „Фолксваген кеди“ со струмички регистерски таблици, управувано од Ф.С.(21) од с.Радово-струмичко, излетало од патот. На местото на настанот починала сопатничка на возраст од 15 години од с.Радово-струмичко. Возачот и другата сопатничка Н.С.(20) со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот се врши од страна на увидна екипа од СВР-Струмица, информираат од МВР.

Поврзани новости