Петнаесетгодишната Викторија исчезнала од пред медицинското во Битола, родителите и полицијата трагаат по неа

by Fokus
Петнаесетгодишната Викторија Настевска од село Суводол, демирхисарско е исчезната, а нејзините родители бараат помош за да се пронајде.

Последен пат е видена во 13:30 часот пред средното медицинско училиште во Битола каде што учи и од тој момент и се губи секаква трага.

Родителите ги замолуваат сите кои имаат некакви информации да ги контактираат на 078 425 497 или 075 310 664 .

Завчера С.Н.(36) од село Суводол пријавил дека нејзината 15-годишна ќерка излегла истиот ден и не се вратила.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Поврзани новости