Петтемина војници во сообраќајката кај Сопот поминале со лесни повреди, веднаш заминале на вежба

by fokus 15:03
15:03

Петтемина војници на АРМ во денешната сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Велес, кај Сопот се во добра здравствена состојба. За среќа поминале со лесни телесни повреди – нагмеченици и набиеници по телата и се отпуштени од велешката болница.

Др.Кире Марковски, лекарот што ги прегледувал војниците по несреќата за „Фокус“ вели дека војниците на возраст меѓу 30 до 40 години биле прегледани амбулантски и дека кај ниту еден од нив не биле констатирани сериозни повреди. По лекарскиот преглед, војниците биле пуштени, и како што изјавиле по прегледот, продолжиле на планираната армиска вежба на Криволак.

- Advertisements -

Сообраќајната незгода, како што информиравме претходно, се случила напладне околу 12,30 часот кај местото Сопот меѓу три службени возила на АРМ кои се движеле во конвој.

Увид на лице место вршат претставници на МВР и на АРМ.

Поврзани новости