Петмина уапсени за обид за убиство на Зијадин Села на крвавиот четврток

by Fokus

Јавното обвинителство денеска ја прошири постапката за настаните во Собранието на  Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села.

Надлежен јавен обвинител донесе наредба за проширување на истрага за уште пет лица за сторено кривично дело убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

„Петте лица, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денот Обвинителството ќе презема дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица“- извести ОЈО.

За обид за убиство на Села пред неколку месеци беа осомничени двајца напаѓачи, татко и син, кои се во притвор во истражниот затвор „Скопје“.

 

Поврзани новости