Петмина протестанти од Ѓорче завршија во притвор

by fokus 11:45
11:45

„Петмината спроведени беа сослушувани до доцна во ноќта од страна на судија на претходна постапка кој по разгледување и оценка на предлогот на обвинителството на сите 5 обвинети им одреди мерка притвор во траење од 8 дена“, се наведува во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Изречената мерка притвор судот ја оправдал дека постои опасност осомничените да побегнат и да го повторат делото, бидејќи станувало збор за кривично дело против јавниот ред или моралот.

- Advertising -
"

Притворените претходно добија кривична пријава од Основното јавно обвинителство со која се товарат за „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“.

Од МВР, пак, објаснија дека според Кривичниот законик, за вакво дело е предвидена казна затвор од 3 месеци до 3 години, додека за водичот на толпата предвидената казна затвор изнесува од 5 месеци до пет години.

Жителите на Ѓорче Петров коментираат дека одредениот притвор и заканата со затворски казни се обид да се задушат протестите во иднина.

Но, според неофицијални информации добиени од социјалните мрежи за утре се најавува нов протест, но овој пат пред седиштето на Владата.

Поврзани новости