Петмина пациени ја изгубија битката со Ковид-19, најмладиот на возраст од 40 години

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 367 заразени со Ковид-19, но и петмина пациенти кои ја изгубиле битката со вирусот.

-Пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се 2 пациенти од Скопје (91г и 83г) и по еден смртен случај е пријавен од Гостивар (77г), Крива Паланка (40г) и Демир Хисар (65г). Сите пациенти се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

Регистрирани се 202 оздравени пациенти од:
Скопје – 105, Куманово – 18, Кавадарци – 14, Тетово – 11, Штип – 8, Неготино – 7, Гевгелија -6, Велес и Кочани – по 5, Гостивар, Крива Паланка и Демир Капија – по 4, Струмица и Ресен – по 3, Кичево и Демир Хисар – по 1.

Поврзани новости