Петмина Кубанци се приведени при обид нелегално да влезат во Македонија од Грција

by Фокус

Пет лица од Куба вчера пред битолското село Кременица биле приведени поради тоа што илегално ја преминале државната граница и од Грција влегле во државава.

Како што соопшти МВР, вчера во 07:30 часот полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија“, пред селото Кременица ги привеле Г.М.А.(44), П.Х.Ј.(26), Х.П.Л.(55), Д.А.Ј.(37) и С.Л.И.(24).

Тие потоа биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

Поврзани новости