Петмесечниот Куштрим наскоро ќе остане и без млеко, семејството моли за помош!

by Fokus

Петмесечниот Куштрим Лима од Теарце наскоро ќе остане и без малите количини млеко што ги добива.

Млекото кое му го обезбедија родителите е доволно за само неколку дена но од сега натаму тој нема да има што да јаде. Во оваа единствена соба живее тричленото семејство Лима.

„Само кров над главата да имам за ова дете. Под кирија сме, колку пати не имаат бркано бидејќи сме немале да платиме. И бремена кога бев во зима немав да платам и на мајка ми и беше жал па дојде и ме зема. Кога бевме под кирија, молевме за леб, многу пати имаме останато на улица. Ве молам да ни помогнете. Изгубивме надеж ама барем ова дете да не остане на улица. Шест години веќе немам видено никакво добро“, изјави Саније Сулејмани – мајка на Куштрим за ТВ 21.

Поврзани новости