Петличковски: Зарем Меркел би ја примила АстраЗенека, ако имаше проблем со оваа вакцина?

by Fokus

Докторот Александар Петличковски во Студио 10 на ТВ 24 говореше за вакцинацијата, но и информациите кои излегуваат околу вакцината АстраЗенека.

„Јас сум приврзаник на ставот дека вакцинацијата е поврзана со несакани ефект, исто колку и сите други вакцини, исто колку и различни лекови што се во употреба. Сепак вакцината има огромни шанси да не спаси од тешка болест или смрт. Читаме деновиве дека канцеларката Ангела Меркел ќе се вакцинира со АстраЗенека. Па зарем таа би се имунизирала со оваа вакцина, ако таа имаше некој проблем. Во Јужна Кореја, на пример никогаш не запрела вакцинацијата со оваа вакцина. Ние немаме луксуз да кажеме дека ќе ја прекинеме вакцинацијата со препаратот од оваа компанија. Таа сосема е солидна и решава смртни исходи“, појаснува докторот од Институтот за имунобиологија.

Поврзани новости