Петличковски: Не се само младите криви за ширењето на корона вирусот, на сите им е смачено!

by Fokus

Првиот човек на Институтот за имунологија, Александар Петличковски, во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 говореше за состојбата со корона вирусот во земјава.

Како што истакна тој, очекувано е да има влошување на состојбата по олабавување на мерките и повика на внимателност кај граѓаните.

„Не се само младите криви за ширењето на вирусот, на сите им е смачено. Ова олабавување на мерките ќе доведе до влошување на бројките. Логично е дека може да очекуваме влошување на состојбата. Важно е колку брзо ќе ја прекинеме шансата за ширење на вирусот. Апелите остануваат, дека луѓето да се трудат да се дружат одговорно“, вели Петличковски.

Поврзани новости