Петковски: Заев сака да ја надмине блокадата, но Бугарија тешко ќе попушти пред изборите

by Фокус

Целта на интервјуто на премиерот Зоран Заев на БГНЕС беше во функција да се деблокира процесот на евроинтеграции, но не верувам дека Бугарија ќе попушти пред одржувањето на парламентарните избори во март следната година, оценува поранешниот претседател на парламентот Тито Петковски, кој воедно е лидер на владејачката НСДП.

-Иако во суштина не кажа ништо лошо, интервјуто на Заев предизвика многу реакции, веројатно поради одредени историски непрецизности и лош избор на зборови. Неговата цел не беше за домашна публика, туку беше наменето за Бугарија, со цел да направи обид Софија да попушти и да дозволи почеток на преговори со ЕУ. Сепак, не верувам дека може да се направи пробив до март следната година, кога треба да се одржат парламентарните избори во Бугарија – изјави Петковски за Фокус, додавајќи дека владата во Бугарија се потпира на нестабилно мнозинство и зависи од коалициската поддршка.

Според него, бугарската влада би можело да отстапи од тврдата позиција пред претстојните избори единствено под притисок и влијание од САД, односно, како што вели, од новата администрација на Џо Бајден, кој веќе најави посета на регионот.

В.С.

Поврзани новости