Петковски: Нема елементарни услови за фер избори

by Фокус

Не постојат никакви елементарни претпоставки за одржување на фер и слободни избори на 5 јуни, изјавил лидерот на НСДП Тито Петковски на средбата со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Јан Петерсен.

„Останаа нерешени проблемите со прочистувањето на избирачкиот список, владејачката партија целосно ги блокираше обидите за започнување на реформите во медиумите со цел да може да продолжи со нивната злоупотреба во пропагандни цели, сведочиме на дополнително злоупотребување на државниот апарат и ресурси за партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ, односно целокупните државни капацитети се партиски подредени и инструментализирани, а анкетната комисијата во Собраниетo целосно не профункционира. Практично сите обврски кои ВМРО-ДПМНЕ ги презема со договорот од Прижино се целосно нереализирани“, истакнал, како што соопштија од НСДП, Петковски на средбата со Петерсен.

Поврзани новости