Петковски: Кристијан Трајковски е разрешен од суета и реваншизам!

by Fokus

Експретседателот на НСДП, Тито Петковски и се обрати на Владата и ѝ порача дека е со тенко мнозинство. Ова следува откако на седница пред два дена беше разрешен директорот на ПУИК, Кристијан Трајковски.

„Првиот потег што го повлече новоизбраното раководство на НСДП на Конгресот од 4 јуни беше барањето упатено до Владата на РСМ за разрешување на Кристијан Трајковски од функцијата генерален директор на Јавното претпријатие за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Гревот на Кристијан Трајковски е што се јави како противкандидат на Горан Мисовски за претседател на партијата на неодамна одржаниот конгрес на НСДП. При тоа, во предлогот упатен до Владата, не се наведува ниту една причина за негово разрешување, ниту пак некоја забелешка на неговата работа како генерален директор на јавното претпријатие или како генерален секретар на партијата. Лична суета и чист реваншизам. Па, како тоа некој да се дрзне и да му се спротивстави и да му биде конкурент за местото претседател на партијата ,на ‘големиот народен трибун’ Горан Мисовски. За политичката култура и демократскиот капацитет на новоизбраното раководство на НСДП не сакам да говорам и тоа не е најважното во овој момент“, вели Петковски.

Поврзани новости