Петковски: Грција не сака решение

by fokus

Мислам дека Грција не сака решение, особено сега нецела година до следните парламентарни избори, изјави претседателот на НСДП, Тито Петковски, во вечерашната „24 Анализа“, на ТВ24. Според него на нациналистичка карта партиите во Грција со години ги добиваат изборите.

-Сите избори во Грција се добиваа на сметка на антагонизмот кон Македонија и на сметка на македонското прашање – додаде тој.

Според Петковски, Заев не е наивен во спорот, туку пристапува искрено и чесно.

-Тој покажа многу разбирање, нешто што некои го толкуваат како слабост. Од македонска страна никогаш поголема конструктивност немало повеќе од денеска. Некогаш тоа беше дипломатија во ракавици, денеска искреноста на Заев може да се граничи со наивност. Тој не е наивен туку искрен и чесен, тој сака ова прашање да се реши – рече Петковски.

.

Поврзани новости