Петковски: Банкарскиот сектор одбива зделки со криминализирана власт

by Фокус

Одлуката за блокирање на реализацијата на еврообврзницата, со која владата сакаше да ги задолжи граѓаните со нови 650 милиони евра, е јасна порака од светскиот банкарски сектор дека не сака да влегува во било какви финансиски зделки со криминализирана и корумпирана власт, реагира опозицискиот НСДП.

„Светските банки ја препознаа дијагнозата на екс-министерот за финансии Зоран Ставрески “ние сме лудаци, трошиме за чоколадо, а немаме за леб“ и им стана јасно дека намерата на злосторничкото здружение предводено од Никола Груевски е тие пари да ги фрли во бунар – финансирање на клиентилизмот, корумпирање на гласачи, финансирање на непродуктивни проекти наменети за полнење на приватните џебови на својата олигархија“, стои во реакција на партијата на Тито Петковски.

Поврзани новости