Петков: Скопје сега има избор за својата иднина

by Fokus 19:45
19:45

Скопје сега има избор за својата иднина, Бугарија не може да носи одговорност за сите, изјави бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков во интервју за Бугарското национално радио (БНР), коментирајќи ја позицијата на Софија по одлуката на Народното собрание за прифаќање на нацрт-предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија.

Според Петков, со прифаќањето на „францускиот предлог“ Бугарија успеала да ги заштити своите национални интереси. – Направивме нешто неверојатно. Првпат Брисел ја поддржа бугарската позиција, рече Петков.

Тој нагласи дека ако земјава се согласи со предлогот на Париз, ќе треба да ги вклучи Бугарите во Уставот пред да го почне преговарачкиот процес со ЕУ.

– Имаме јасни контролни механизми за говорот на омраза и дискриминацијата. Имаме многу јасни дефиниции за историските факти и образованието во училиштата во Северна Македонија, тврди Петков.

 

Поврзани новости