Петков потрошил 9.000 евра за вечерата со Ковачевски, за Шолц „само“ 1.800

by fokus

Поранешниот бугарски премиер, Кирил Петков во својот мандат најскапата службена вечера ја приредил за македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговата делегација која се одржа во јануари оваа година, објави бугарскиот медиум Епицентар.

За оваа вечера  Бугарија потрошила 18.002 бугарски левови или околу 9.000 евра.

За вечерата пак со германскиот канцелар Олаф Шолц, Петков потрошил 3.603 левови или 1.800 евра, а за вечерата со холандскиот премиер чинела 3.660 левови или 1.830 евра.

Оправдување за скапата вечера за македонскиот премиер може да биде тоа што македонската делегација беше голема и во неа покрај премиерот беа:  вицепремиерите Артан Груби, Славица Грковска, Фатмир Битиќи, како и министрите Османи, Бочварски, Бесими, Бектеши, Костадиновска-Стојчевска, Нуредини и Ајети.

 

Поврзани новости