Петков планира во понеделник да си даде оставка

by Fokus

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков од Брисел кажа дека планира в понеделник наутро да поднесе оставка до Владата.

Оваа одлука дојде откако 123 пратници во Собранието на Бугарија гласаа за недоверба во Владата.

„Нема проблем. Веднаш ќе ги пополнам документите и ќе ги доставам“, кажа премиерот на Бугарија.

Поврзани новости