Петков го нарече Радев кукавица, а Борисов манипулант

by fokus

Ми се допаѓа француската понуда. Мислам дека не може да има друга таква. Парламентот мора да одлучи, а јас ќе си го одржам зборот, изјави премиерот во оставка Кирил Петков пред доаќањето на самитот за Западен Балкан во Брисел.

-Јас сум премиер и кога му ветувам нешто на бугарскиот народ, останувам на зборот. Се надевам дека во наредните денови Националното собрание ќе донесе одлука за ова прашање. Имаме историски момент да можеме да ги зачуваме сите наши бугарски интереси, работи за кои сме сонувале и со овој предлог да го заштитиме бугарскиот интерес долго време, рече Петков.

Тој жестоко и директно го нападна однесувањето на претседателот Румен Радев, а потоа и на Бојко Борисов.

-Претседателот не може да свика Консултативен совет за национална сигурност (КСНС) и се крие на различни места. Ако си претседател како што треба свикуваш КСНС, служби, партии, седнуваме, дискутираме и излегуваме. Паднаа маските, се изморив од кукавици, рече Петков.

Потоа му се нафрли на Борисов кој јавно тврди дека ќе го поддржи францускиот предлог, а потоа ја блокира работата на Комисијата за надворешна политика која треба да даде „амин“ за него.

– Пратениците втор ден не можат да формираат кворум, изненаден сум, но очигледно се плашат да се отвори расправа бидејќи не можат да изберат претседател на Народното собрание, посочи Петков.

Тој порача дека никој не треба да се обидува да го фрли жешкиот компир ставајќи го него во позиција како премиер сам да одлучува.

– Ако си вистински бивш државник, оди во комисијата и нека се донесе вистинската одлука, му порача тој на Борисов нарекувајќи го манипулант што води дупла политика и е најнечесната личност што го сретнал во живот.

-Оваа борбеност е типична за господинот Борисов. Ова го гледаме веќе 12 години, подвлече Петков.

Поврзани новости