Петиција: Да се откријат вистинските загадувачи!

by fokus

Во знак на револт од игнорантскиот однос на властите за проблемот кон енормното загадување на воздухот, еколошкото движење „За чист воздух” покрена онлајн петиција. Целта на петицијата е да се извојува институционалната битка за почист воздух.

-Апелираме до Владата, да се откријат деталите за причините за загадувањето, со констатација дека Министерството за животна средина и просторно планирање сеуште нема излезено со веродостојни податоци околу причинителите на аерозагадувањето. Без овие информации ветувањата од страна на надлежните дека проблемот ќе биде решен, најверојатно нема да ја доживеат својата реализација- велат од движењето.

Петицијата може да ја потпишете тука.

Поврзани новости