Петар Рупевски од Варош по четврти пат го фати крстот во Охрид

by fokus

Светиот крст во осветените води на Охридското Езеро утринава го фати Петар Рупески од Варош. Тој крстот го фаќа по четврти пат.

-Во четири години трипати го фаќам крстот, заедно со мојата тајфа и од Варош ја продолжуваме традицијата. Минатата година беше една од најсреќните во мојот живот, посакувам на секој мој близок и на секој верник да му се случи таква среќа, порача Рупески по излегувањето од вода.

На следење на целиот настан за големиот верски празник Богојавление-Водици во Охрид присуствуваа неколку илјади луѓе, а среќниот фаќач на крстот од страна на црквата на подарок добива крст, а од градоначалникот икона.

Манифестацијата Богојавление-Водици е во организација на Дебарско- кичевската епархија во соработка со локалната самоуправа, а со поддршка на јавните претпријатија, Црвен крст, нуркачкиот центар „Амфора“, како и фаќачите на светиот крст од минатите години.

Поврзани новости